1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови 20 илјади војници во Ирак

11 јануари 2007

Ништо неочекувано во говорот на американскиот претседател Џорџ Буш, очекуван со нетрпение: тој најави засилување на американските трупи во Ирак за повеќе од 20 илјади војници. Заедно со ирачките сили за безбедност тите треба да го окончаат тероститчкото насилство во главниот град Багдад и да ја ослободат провинцијата Анбар.

https://p.dw.com/p/Ac0D
Се остварија предвидувањата: Буш испраќа во Ирак нови 20 илјади војници
Се остварија предвидувањата: Буш испраќа во Ирак нови 20 илјади војнициФотографија: AP

Во дваесетминутниот говор одржан во библиотеката на Белата куќа, Буш призна гешки во Ирак за кои лично ја презеде одговорноста. Главниот пропуст е недеволниот број трупи, пред се во главниот град Багдад, чија активност, освен тоа, биле премногу ограничена. Од тие причини Буш најави:

„Америка ќе ја промени својата стратегија за да им помогне на Ирачаните да го совладаат меѓуетничкото насилство. На тој начин на луѓето во Багдад ќе им биде обезбедена сигурност. Тоа е можно само со засилување на трупите. Од тие причини во Ирак ќе бидат стационирани дополнителни повеќе од 20 илјади војници – најголемиот број во Багдад„.

Новите трупи за разлика од порано, ќе бидат стационирани на најважните стратегиски точки за да спречат враќање на непријателските сили во квартовите што беа исчистени од терористити. Ирачката влада мора да го направи своето за повторно да ја преземе контролата врз главниот град:

„На ирачкиот премиер Малики и на другите ирачки лидери јасно им соопштив дека американскиот ангажман не е неограничен. Ако ирачката влада не се придржува кон своите ветувања, тогаш ќе ја загуби поддршката од американскиот народ и поддршката на Ирачаните„.

Воената ескалација во Ирак би била запрена со засилени напори за забрзана обнова. Исто така, во иднина многу поенергичено ќе бидат спречувани сириските и иранските испораки на оружје. Буш повторно одби планови за повлекување на трупите од Ирак, како што предложи комисијата за Ирак под водство на поранешниот министер за надворешни работи Џемс Бејкер:

„Повлекување, тоа е нашиот заклучок, би водело кон колапс на ирачката влада, ќе ја парчоса земјата и ќе води кон убиства од непредвидливи размери. Тогаш нашите трупи ќе мораат да останат уште подолго, а противникот ќе биде уште поопасен„.

Цел на новата стратегија е спасување на се уште младата демократија во Ирак која треба да биде во состојба да ја контролира својата територија, да ги брани правото и законите и да ги штити човековите права.

Инаку, во актуелните анкети пред говорот на Буш, околу две третини од прашаните одбија засилување на трупите. Во моментов во Ирак се стационирани 135 илајди американски војници.