1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови трендови кај мебелот за градина

Кирстин Шуман / Елизабета Милошевска Фиданоска20 мај 2012

Мебел за градина 2012 - функционален и шарен, екстремно отпорен на временски промени. И... границите меѓу дневната соба и градината се чини исчезнуваат.

https://p.dw.com/p/14vgk
Фотографија: Fotolia/spuno

Клупа за седење со интегрирана саксија. Огромен балон со поглед кон небото или мебел кој изгледа како внатрешните соби да се пренесени надвор.

Бетина Билербек е главен уредник на списанието „Living at Home“. Идеите за уредување на градината се тема на наредното издание:

„Во секој случај се забележува дека постои тренд дневната соба, така да се каже, да се транспортира надвор. Постои мало дистанцирање од лесните парчиња мебел, кои лесно се преместуваат, во насока на вистински тапациран мебел. Она што го видовме на саемите се луксузни комплети за седење и лежење, дизајнерски мебел за надвор“.

Оваа година „ин“ се хајтек-штофови, како фотелјата на дизајнерката Патриција Уркиола. Благодарение на екстрадебелиот тапацир може да се седи надвор и кога е студено.

Данскиот производител на мебел cane-line го има развиено материјалот „Tex". Тој се состои од специјални полиестер-влакна и на прв поглед изгледа како памук.

Експертот за мебел за градина Миахел Вит на своите муштерии им го препорачува новиот материјал:

„’Tех’ е нов синтетички материјал кој е исклучително отпорен на временски промени и може да стои надвор во текот на целата година. Не ја губи бојата. надвор може да стои и во зима, отпорен е на УВ-зраци. Значи, не се менува“, вели Вит, раководител на „Loft & Garden Berlin“.

ARD-Auslandsreportagefonds: Gartenmöbel sollen fotografiert werden
Надвор како домаФотографија: DW/Sandra Petersmann

Дури и при екстремни временски услови мебелот е подготвен за употреба во најкратко можно време.

„Внатре има дренажа, така што водата продира и преку дренажата повторно се враќа на површина. Тоа е пена што се суши брзо и која е антибактериска.“

Не смее да недостига и вистинско осветлување.

„Овде има две светилки за надвор кои работат на батерии. Батеријата трае 12 часа. Може да се остават надвор цела вечер и дава прекрасно светло, атмосфера исто како во дневната соба“, раскажува Вит.

Мултифункционалност е наредниот тренд. Саксии за цвеќе интегрирани во клупи за седење или комоди, или мебел за градина како кревет, гарнитура за седење и работно место во едно. Како што е на пример „Sight“, дизајниран од Германецот Тим Керп.

ДЕДОН веќе 20 години се вбројува во оние што ги диктираат трендовите во делот на мебелот за градина. Со актуелниот модел „City-Camp“ спалната соба се пренесува на отворено. За комфорот да биде комплетен има и тепих од вештачки материјали.

Haus Einfamilienhaus Steigende Immobilienpreise
Трендот за градината оди во насока на мебел кој е отпорен на временски промениФотографија: Fotolia/M.Rosenwirth

„Кај ДЕДОН видов многу убави работи на саемот. Вообичаено мебелот е во сиви тонови, во крем боја, во типични бои какви што има на терасите во хотелите. Овие материјали од коишто е направен мебелот се во различни бои, различно се испреплетени, така што мебелот е шарен“, вели Бетина Билербек.

Претпријатието со својата линија „Дала“ се потпира не само на бојата, туку и на новите типови влакна - од рециклиран тетрапак.