1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови санкции против Иран?

9 јуни 2010

Советот за безбедност на ОН денеска треба да донесе санкции против Иран со цел да го натера Техеран да го промени ставот во спорот околу атомската програма. Според дипломати, прифаќањето на санкциите е релативно сигурно.

https://p.dw.com/p/Nlo2
Фотографија: ISNA^

По повеќемесечни советувања, резолуцијата за нови санкции против Иран ќе биде ставена на гласање во Советот за безбедност на ОН. Западните дипломати се оптимисти и сметаат дека најмалку девет гласа за резолуцијата се сигурни. Предлог-резолуцијата е подготвена од САД, со поддршка на Велика Британија и Франција. Своја согласност со неа сигнализираа и Русија и Кина.

Наспроти нив, од Бразил, Турција и Либан доаѓаат контроверзни информации. Досега е нејасно дали овие три земји ќе гласаат против резолуцијата, или ќе бидат воздржани. За резолуцијата да биде донесена, потребна е согласноста на најмалку девет од вкупно 15 држави во Советот за безбедност.

Што предвидува резолуцијата?

Ова би била четврта рунда санкции против Иран од декември 2006 година. Со нив Западот реагира на противењето на Техеран да го задоволи барањето на ОН за запирање на облагородувањето ураниум. Резолуцијата, меѓу другото, предвидува забрана на продажба на посебни видови тешко вооружување, би требало да бидат ограничени инвестициите на ирански фирми во странство, бродовите кои пловат кон Иран ќе бидат претресувани, а на Иран ќе му биде и забрането да врши истражувања во странство поврзани со атомската програма, како на пример истражувања за рудниците на уран.

USA China Treffen in Peking
Хилари КлинтонФотографија: AP

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон, за време на посеата на Еквадор, изјави: „Мислам дека е фер да се каже оти се ова најважните санкции со кои Иран се соочил досега.“

Ахмадинеџад со закана дека ќе ги прекине сите разговори

Iran - Atomkraftwerk Buschehr
Атомска централа во ИранФотографија: ISNA

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад се закани дека во случај на нови санкции против неговата земја, ќе ги прекине сите разговори околу атомската програма. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано, пак, од Техеран очекува поголема соработка и констатира: „Од октомври 2009 година, некои работи се променија. Тогаш Иран имаше околу 1.700 килограми ниско облагороден ураниум. Сега количеството е многу поголемо. И тогаш Иран се‘ уште немаше почнато да произведува повисоко облагороден ураниум, на околу 20 проценти. Сега тоа се прави. И, токму тоа е разликата.“

Автор: Ј. Пас/ ЕМФ/ БГ/ афп

Редактор: Александра Трајковска