1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови проблеми со возилата на „Тојота“

АТ/ дпа/ дапд/ афп10 октомври 2012

Јапонскиот автоконцерн „Тојота“ повторно стартува акција за повлекување на повеќе од седум милиони возила. Причината овојпат е евентуален дефект на електричниот уред за отворање на прозорците.

https://p.dw.com/p/16NNn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поради тоа што електричниот уред за прозорците би можел да биде дефектен, ќе бидат повлечени 7,43 милиони возила во работилниците. Само во Европа погодени се речиси 1,4 милиони возила, соопшти автомобилскиот концерн „Тојота“. Во најлош случај би можело да избие пожар во електриката. Во САД ќе бидат повлечени најмногу возила, 2,5 милиони. Во понеделникот, конкурентот „Хонда“ поради истиот проблем најави повлекување на половина милион автомобили.

Во Германија мора да бидат сервисирани 136.000 возила од типовите „Јарис“, „Аурис“ и „РАВ 4“ година на производство од 2006 до 2008 година. Шалтерот за подигање на прозорецот од страна на возачот мора да биде проверен и доколку биде утврден дефект треба бесплано да се замени. „Тојота Германија“ во Келн соопшти дека во овој шалтер се наоѓало средство за поодмачкување. Со текот на времето, при активирање на овој шалтер би можело да дојде до зголемено абење поради прекумерно дозирање на средството за подмачкување.

Концернот „Тојота“ во 2010 година во досега најголемата акција во работилниците повлече повеќе од осум милиони возила поради проблеми со педалата за гас и лизгање на постилките на подот во автомобилите. Кон ова се надополнија 1,5 милиони возила со проблеми со сопирачките.