Нови прволигаши
21 мај 2007За тренерот на Ханза Росток Франк Пагелсдорф вториот влез во првата лига со истата екипа не е само повторување:
„Огромната разлика е во тоа што тогаш екипата многу спокојно влезе во сезоната, без никакви очекувања. Годинава се беше поинаку. Самите си поставивме цел и сакавме да бидеме во друштвото со најдобрите екипи„.
Во друштвото на најдобрите ќе се најде и Дуисбург, чиј напаѓач Маркус Курт за следната сезона бара барем зачувување на прволигашкиот статус:
„Тоа мора да биде нашата цел, на секој поединец во екипата. Да покажеме дека сме научиле од грешките од минатото и мислам дека ќе ни успее„.
И фудбалерот Ивица Грилиќ се надева:
„Кога ја гледам денешнава атмосфера, мислам дека раководството мора да размисли за нови играчи, за да направиме вистински состав. Така ќе бидеме добро подготвени за првата сојузна лига„.