1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови правила за банките

27 октомври 2010

Спорните фондови за осигурување на банките во случај на криза и построгите правила за бонусите на менаџерите се веќе завршена работа. Комисијата за финансии на германскиот парламент ги одобри плановите на владата.

https://p.dw.com/p/Poks
Фотографија: DW/AP

За планот сега треба да гласаат сега Бундестагот и Бундесратот.

Со фондот за осигурување на банките треба да настане фонд тежок милијарди евра. Со него треба да се постигне превентива од идните кризи, а исто така и да им се помогне на банките кои се нашле во финансиски тешкотии. Комисијата на Бундестагот за финансии синоќа (26.10) реши дека во овој фонд ќе треба да уплаќаат сите банки, со исклучок на банките за поддршка на развојот и пензиските каси. Од владини кругови за обемот на фондот се споменува бројка од околу 70 милијарди евра.

Партиите на Унијата и Либералите се договорија за ограничување на премиите за луѓето во управите на банките во кои има државен капитал, на 500 илјади евра годишно. Тоа важи, меѓутоа, само за банките кои добиваат државна поддршка. Во банките каде државниот капитал е повисок од 75 проценти, варијабилното наградување и бонусите ќе бидат целосно укинати.

Автор: ЖА/ЕМФ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска