1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови напади во Газа

17 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag3A

Еден палестинец загина а 30 се повредени во израелски воздушен напад врз седиште на Хамас во појасот Газа. Израелската армија го потврди нападот но не изнесе други детали. Агенциите јавуваат за уште еден загинат и 12 ранети палестинци во напад во Рафах. Палестинскиот претседател Махмуд Абас од Фатах во меѓувреме ја откажа планираната посета на Газа, каде требаше да се сретне со премиерот Исмаил Ханија од Хамас. Во судирите меѓу приврзениците на двете фракции во последната недела загинаа повеќе од 40 лица