1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови закани на Ал каеда, ирачките избори во предвидениот рок

30 ноември 2004

Официјален Вашингтон потврди дека ирачките избори нема да се одложат и дека ќе се одржат на 30 јануари и покрај тоа што во земјата секојдневно гинат војници и цивили. Утринава, во најновите акции на ирачките герилци во северниот дел на Багдад, загина уште еден американски војник. Во меѓувреме, Ал Каеда се закани со нови напади врз САД се додека земјата не ја смени политиката кон муслиманскиот свет.

https://p.dw.com/p/AcJQ

,, Ние сме трпелив народ и ќе ја продолжиме борбата против САД до последен момент,, рече Ајман Ел Завахри, кој се смета за втор човек на Ал каеда, веднаш по Осама Бин Ладен.

Изјавата на Завахри, кој е на списокот најбарани терористи на американското Федералното биро, следи по минатомесечната на неговиот шеф Осама бин Ладен, кој преку снимка што ја емитуваше Ал Џезеира, предупреди на на нови напади слични на тие од 11 септември 2001 година.

,, На Америка и го даваме последниот совет: да избере меѓу двата начина на однесување кон Муслиманите, или ќе се однесува со нив кон респект или ќе ги третира како лесен плен,, рече Завхари.

Во меѓувреме, амерканскиот државен секретар Колин Пауел соопшти дека изборите во Ирак, и покрај барањата за одложување поради безбедносната ситуација,ќе се одржат на планираниот датум – 30 јануари идната година.

17 политички партии на сунитските Муслимани, кои сочинуваат 20 % од ирачката популација, побараа одлагање на изборите за 6 месеци, се додека не се обезбедат сигурни услови за гласање.

И претставниците на ОН во земјата потврдија дека условите за одржување на изборите не се докрај обезбедени.

,, Беѕбедноста е проблем. Мислам дека тоа што процесот мора да се спроведе е она за што ние сме најмногу загрижени. Секако дека треба да се обезбеди и сигурноста на оние кои ќе работат на иѕборите. Но доколку луѓето веруваат во процесот и ако сакаат да влезат во ризик, тие ќе го направат тоа, а тогаш изборниот процес ќе добие динамика и ќе гарантира сопствен успех,, изјави претседателот на комисијата за изборите од ОН, Карлос Валенцуела.

,, Изборите се единствениот пат по кој земјата може да тргне напред, посочи од друга страна американскиот државен секретар, чија земја само последниов месец, за време на антигерилските офанзиви, изгуби стотина војници. Денеска, во северниот дел на Багдад, од бомба загина уште еден војник од американската армија. Вчера во Рамади од автомобил бомба загинаа 12 ирачки полицајци.