Нови жртви во Сирија
8 август 2011Реклама
Сириската армија вчера убила 52 цивили, од кои 42 во источниот град Деир ез-Зор, а останатите во Хуле во централната провинција Хомс.
Стотици жители на двата града се повредени, соопшти претседателот на организацијата Лига за човекови права Абдел Карим Рихауи.
Илјадници луѓе ги напуштиле градовите. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун уште еднаш го повика сирискиот претседател Башар Ел Асад да го сопре насилството.
Автор: БГ/ТТ/макфакс
Редактор: Горан Чутаноски