Нови жртви во Газа
1 јули 2007Реклама
Во нападите на израелската авијација во појасот Газа загинаа седум лица. Меѓу жртвите има цивили но и членови на палестинското движење Исламски Џихад. Нападот го потврди и израелската војска, а тој е одговор на претходниот напад на израелскиот пограничен град Здерот на кој палестински екетремисти испалиле две ракети.