1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови жестоки борби во Сирија

АТ/ ртре/ дпа/ афп1 јануари 2013

Трупите на сирискиот претседател Башар ел Асад спроведуваат масовна офанзива против бунтовниците. Опозициониерите информираат за нов масакар од страна на милициите верни на владата.

https://p.dw.com/p/17C0u
Фотографија: Reuters

На почетокот на годинава трупите на претседателот Башар ел Асад ги засилија воздушните напади врз повеќе важни позиции на бунтовниците. Активистите на опозицијата информираат дека тешко бил бомбардиран градот Дараја на југоисток од Дамаск. Во жестоките борби во надворешните квартови на југот и на истокот бунтовниците очигледно претрпеле тешки загуби. Тие под контрола ги држат позициите во форма на половина круг околку главниот град, додека центарот е цврсто во рацете на владините единици.

Воздухопловните единици повторно нападнаа цели во вториот по големина град Алепо и напаѓаа градови и села кои ги контролираат бунтовниците. Меѓународниот аеродром во Алепо привремено е затворен поради жестоките напади на бунтовниците.

Syrien - Kämpfe in Aleppo
Борби во АлепоФотографија: dapd

Уште еден масакр од Шабиха

Сириските опозиционери и борци за граѓански права информираат за уште еден масакар. Според нив припадници на Шабиха милициите верни на режимот на Асад во селото Маан во провинцијата Хама обезглавиле 23 луѓе. Убиените им припаѓале на малкуте сунитски семејства кои живееле во селото. Меѓу жртвите биле и седум деца. Телата биле запалени, така што некои од нив не можеле да бидат идентификувани, се информира.

Масакрот почнал откако бунтовниците вчера во регионот нападнале улични блокади на владините трупи. Тие потоа ги повикале борците на милициите, кои во граѓанската војна стојат на страната на шефот на државата.

Од почетокот на народниот бунт против режимот на Асад пред 22 месеци, според податоци на борците на човекови права се убиени повеќе од 45.000 луѓе. Тој е најдолгиот и најкрвавиот конфликт, кој произлезе од т.н. Арапска пролет.