1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови бомбашки напади во Багдад

ЖА/макфакс/ртре12 јануари 2014

Во две експлозии на автомобили-бомби во ирачкиот главен град денеска загинале најмалку 14 лица.

https://p.dw.com/p/1ApNK
Фотографија: Getty Images/Afp/Sabah Arar

Една од бомбите експлодирала во близина на автобуска станица во квартот Алави, како што соопшти полицијата. Местото се наоѓа недалеку од аеродромот Мутана, каде деновиве исто така беше извршен напад.

Во претходниот денешен напад на бомбаш самоубиец врз воени регрути на ирачката армија загинале најмалку девет луѓе во главниот град, соопштија тамошните власти. Автомобилот бомба експлодирал во близина на автобуска и такси станица во Багдад, каде што луѓе коишто ги завршиле формалностите со стапување во редовите на ирачката армија, се подготвувале да се вратат во своите домови. Сличен напад се случи во четвртокот во кој загинаа 23 и беа ранети 30 лица, кога самоубиец бомбаш активираше експлозив во центарот за регрутирање војници во Багдад. Во средата навечер непознати вооружени нападнаа врз воен објект, 130 километри северно од Багдад,

Безбедносните сили се често цел на нападите на сунитските исламистички бунтовници блиски на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда кои се борат против силите на владата на шиитот премиер, Нури ал-Малики.

Ирак од април 2013 година е зафатен од бран насилство кој достигна ниво слично на она кога во 2006. и 2007. година секташкото насилство се закануваше во избувнување на тотална граѓанска војна. Притоа градовите Рамади и Фалуџа кон крајот на минатата година беа заземени од припадниците на Ал Каеда. Од почетокот на 2014. година загинале повеќе од 400 луѓе со што веќе е надминат бројот на жртви за целиот јануари претходната 2013. година.