1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови битки меѓу турската армија и борците на ПКК

8 октомври 2007

Борбите меѓу турската армија и борците на забранетата курдска работничка патија ПКК во пограничниот појас кон Ирак повторно се разгореа.

https://p.dw.com/p/Bni4
Политиката и армијата сериозно да го посматраат курдскиот проблемФотографија: AP

Како што соопшти турската армија, во провинцијата Сирнак, курдските бунтовници вчера убија 13 турски војници. Турските единици синоќа спречиле вооружени Курди да избегаат преку границата, при што биле користени и тенкови. Од пред неколку недели турската армија во провинцијата Сирнак води офанзива против курдските бунтовници чии бази се наоѓаат во курдските подрачја во Северен Ирак. Притоа повеќепати се одвивале крвави судири. Поранешниот генерал во турската армија Халдун Солмастирк денеска за телевизискиот канал Ал Џазира изјави дека станува збор за мошне сериозен развој:

„Посакувам турската влада и командантите на турските оружени сили овие инциденти да ги посматраат многу сериозно. Би се стекнал погрешен впечаток и до турскиот народ би била упатена погрешна порака до колку се смета дека воена акција во северен Ирак би го решила проблемот за секогаш. Најнапред се потребни мерки на внатрешен план„, смета бившиот турски генерал.