1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови американски санкции против Иран

ЕМФ/ард4 јуни 2013

САД воведоа нови санкции против Иран. Тие се насочени против автомобилската индустрија и валутата риал. Вашингтон порачува - вратата за дипломатско решение на конфликтот останува отворена.

https://p.dw.com/p/18jJK
Фотографија: A.Al-Saadi/AFP/GettyImages

Со декретот на американскиот претседател Барак Обама треба да се воведат казнени мерки кои ќе ја погодат иранската автомобилска индустрија, која е важен извор на приходи за Техеран. Освен тоа, предвидена е и можност за казни против странски банки кои вршат трансфер на пари во валутата риал, или пак имаат сметки во оваа валута.

Санкциите треба да стапат во сила на 1 јули. За Вашингтон овие мерки се дел од стратегијата која се одвива нд две шини - од една страна на Иран му се нудат сериозни преговори, а од друга страна значително се заоструваат економските санкции. „Дури и кога го зајакнуваме притисокот врз иранската влада ја држиме отворена вратата за дипломатско решение кое на Иран ќе му овозможи приклучување кон заедницата на нации кога ќе ги исполни своите обврски“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни. Доколку Техеран продолжи со досегашниот крус, следуваат нови санкции.

САД и нивните сојузници се сомневаат дека иранската атомска програма за цел има и создавање атомско оружје. Техеран тоа го демантира и нагласува дека сака да ја користи атомската енергија само во мирнодопски цели.