1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новиот судски процес против Мубарак прекинат

ЕМФ/дв/дпа13 април 2013

Мамутскиот судски процес против поранешниот египетски властодржец Хосни Мубарак денеска е прекинат само неколку минути по почетокот. Мубарак е обвинет за смртта на повеќе од 800 демонстранти за време на Арапската пролет.

https://p.dw.com/p/18FHT
Фотографија: STR/AFP/Getty Images

Новото судење на Хосни Мубарак е прекинато само неколку минутi по почетокот, поради тоа што судијата Мустафа Хасан изјави дека се повлекува од процесот и случајот го предаде на Апелационен суд. Тој би требало да назначи нов судија. Хасан изјави дека би се чувствувал „непријатно“ кога самиот би морал да ја води простапката на ревизија. Кога ќе продолжи новиот судски процес е нејасно.

Покрај 84-годишниот Хосни Мубарак (на фотографијата горе), кого од амбулантно возило на носилка го внесоа во салата за судење, на обвинителна клупа се и неговиот министер за внатрешни работи, Хабиб ал-Адли и шестмина поранешни високи претставници на бзбедносните сили. Повторно има судски процес и против синовите на Мубарак, Гамал и Алаа. Тие, исто како и татко им, се обвинети за корупција.

Мубарак беше соборен од власт на 11 февруари 2011 година по повеќенеделни крвави протести во земјата. Во јуни 2012 година тој и Ал Адли беа осудени на доживотен затвор поради тоа што не ја спречиле смртта на демонстрантите. Во овој случај ослободени од обвиненија беа шестмина припадници на безбедносните сили. На 13 јануари годинава, поради грешки во постапката, донесена е одлука за повторно судење.