1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новиот американски Конгрес почна со работа

ЕМФ/дв4 јануари 2013

Речиси два месеца по изборите, двата дома на американскиoт Конгрес одржаа конститутивни седници. Претседател на Претставничкиот дом останува Џон Бенер.

https://p.dw.com/p/17Dbj
Фотографија: SAUL LOEB/AFP/Getty Images

Со изборите на 6 ноември, односот на силите во Конгресот не се промени темелно. Во Сенатот мнозинство и натаму имаат демократите на Барак Обама. Тие располагаат со 55 места, додека конзервативните републиканци имаат 45 места.

Во Претставничкиот дом, и покрај благите загуби на изборите, ќе доминираат републиканците. Тие имаат 234 од вкупно 435 места. Републиканецот Џон Бенер е реизбран за претседател на Претставничкиот дом, иако не ги доби сите гласови од својата пратеничка група. Тој со 220 гласови ја победи Ненси Пелоси од Демократската партија, која освои 192 гласа од пратениците.

Во новиот Конгрес има 20 сенаторки и 80 жени пратеници, што е рекорд во досегашната историја на Конгресот.

Сенаторите и пратениците нема да имаат многу време за прилагодување. Веќе на почетокот на мандатот претстојат важни одлуки, особено во делот на буџетската политика.