Нова рунда преговори
29 април 2008Реклама
Преговарачот за името Никола Димитров замина во Њујорк, на нови разговори со медијаторот Метју Нимиц. Премиерот, Никола Груевски, не ја прифатил идејата на претседателот, Бранко Црвенковски за претходни консултации на државно-владиниот врв, што инаку досега беше вообичаена практика. Македонскиот претседател Црвенковски, инисистира на интензивни разговори со Атина за да се дојде до фер компромис и да не се блокираат на евро-атлантските процеси на Македонија.