Нова група инспектори на ИАЕА во С.Кореа
28 јули 2007Реклама
Во Северна Кореја пристигна нова група инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија(ИАЕА). Тие треба да ја заменат првата група инспектори која го надгледува запирањето на работата на реакторот Јонгбјон . Властите во Пјонгјанг се согласија , во замена за економска и хуманитарна помош да прекинат со својата проблематична атомска програма.