1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова видео порака за ослободување на двајцата Германци во Ирак

17 март 2007

Најблиските на двајцата грабнати германски граѓани во Ирак упатија видео порака до киднаперите со молба да ги пуштат на слобода Ханелоре Краузе и нејзиниот син.

https://p.dw.com/p/AdsW
Претседателот на државата Хорст Келер им се обраќа на киднаперите во видео порака
Претседателот на државата Хорст Келер им се обраќа на киднаперите во видео поракаФотографија: PA/dpa

Во пораката на арапски зборува сопругот на Краузе, професорот Мохамед ал Торнахи и неговата снаа, сопругата на синот, Синан. Тие ги молат грабнувачите да се однесуваат со почит и достоинство кон заложниците и молат за милост во име на Алах:

“Во име на Алах, милостивиот им се обраќаме на луѓето од Бригадите стрели на вистината.“

Професорот Торнахи нагласува дека исламот е религија на мирот и милостивоста. Тој во целата порака ја ословува сопругата со нејзиното арапско име Ум Мазин. Освен тоа ги објаснува и семејните околности, нагласувајќи дека неговата сопруга од љубов за него и за семејството пред цели 40 години ја напуштила својата таковина, Германија. “Ирак стана нејзина татковина и таа е мајка на три деца, сите се родени овде во Багдад. Ние сме семејство кое нема никакво влијание врз политичките настани“ – порачува таткото Мохамед ал Торнахи. Затоа апелирам да ги ослободите мојата сопруга и синот!

Неодамна до киднаперите со видео порака се обрати и германскиот претседател Хорст Келер. Таа порака ја емитуваа повеќе арапски ТВ станици. Германската влада смета дека киднаперите на Ханелоре Краузе и нејзиниот син имаат терористичка заднина, значи дека станува збор за политичко киднапирање, а не изнудување пари. Тие се во заложништво веќе речиси 40 дена.