Новата грчка влада положи заклетва
19 септември 2007Реклама
Новата грчка влада на премиерот Костас Караманлис денеска положи заклетва пред претседателот на Грција, Каролос Папуљас. „Новата влада ќе биде влада на сите Грци“, изјави старо-новиот премиер Караманлис во обраќањето на свечената седница. Во новиот кабинет има вкупно 40 министри и нивни заменици, од кои 17 лица се од помладата генерација грчки политичари.