„Новартис“ го загуби спорот за патент во Индија
1 април 2013По седум години правен спор во Индија швајцарскиот фармаколошки концерн „Новартис“ во последна инстанца го загуби спорот околу патентот за медикаментот за лекување од рак, Гливек. Врховниот суд во земјата донесе одлука, дека претпријатието не поседува патент за медикаментот. Тој не ги исполнува индиските правила за патентни, се вели во образложението.
„Новартис“ уште во 2006 година сакаше да го патентира лекот Гливек. Меѓутоа властите го одбија тоа, со образложение дека биле направени само минимални промени во однос на претходниот состав на медикаментот. Набљудувачите во судската одлука гледаат преседан, кој би можел да ги даде насоките за други тужби за патенти во Индија - како во однос на меѓународните фармаколошки концерни така и кон индиската индустрија.
„Новартис“ обжали дека во меѓувреме индиски претпријатија на пазарот пласирале значително поевтини генерици, односно копии на скапиот медикамент на фирмата.
Индиската продукција на генерици годишно опфаќа 26 милијарди долари. Од агол на хуманитарните организации пресудата е патоказ, и ќе има фундаментални консеквенции. Организацијата Лекари без граници соопшти дека во целиот свет луѓе зависат од индиските генерици.