Нобеловата награда за хемија во рацете на германски научник
10 октомври 2007Реклама
Нобеловата награда за хемија за оваа година ја доби германскиот научник Герхард Ертл. Веста до него стигна токму на неговиот 71-ви роденден. Нобеловиот комитет во Стокхолм соопшти дека Ертл наградата ја добива за неговата работа врз хемиските процеси на тврди површини. Неговите истражувања се од огромно значење за индустријата и помагаат во разбирањето на ралични процеси како рѓосувањето на железото, функционирањето на согорливите клетки и дејството на катализаторите во автомобилите.