1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ни Германија не разговара со Хамас!

13 февруари 2006

Германија останува на тврдиот став кон радикално исламистичката организација Хамас.

https://p.dw.com/p/Ac8y
Франк Валтер Штајнмајер (десно) со Ехумд Олмерт
Франк Валтер Штајнмајер (десно) со Ехумд ОлмертФотографија: AP

Условите за отпочнување разговори со победникот на палестинските избори од јануари и понатаму се признавањето на правото на постоење на Израел и откажувањето од насилствот – порача денеска шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер на средбата со вршителот на должноста израелски премиер Ехуд Олмерт. Хамас би морал да ги признае и досегашните постигнувања во рамките на мировниот процес за Блискиот исток.

„Израел знае дека може да се потпре на Германија„ – со овие зборови Штајнмајер го навести ставот на официјален Берлин околу водењето разговори со радикалната палестинска организација Хамас. Тоа е фактички истата позиција што пред две недели во Ерусалим ја посочи и канцеларката Ангела Меркел, а во Израел наиде на големо одоброување. Германија не може да воспостави контакт со Хамас се‘ додека оваа организација стои на списокот терористичпки организации на ЕУ.

„Клучот за натамошниот развој не е во рацете на Европа, а во моментов не ќе е ни во рацете на Америка, туку овде на палестинските подрачја. Се‘ зависи од тоа дали Хамас во иднина ќе се покаже како политичка сила„ – појасни шефот на германската дипломатија.

Израелската влада изрично се изјасни против контакти со Хамас, кој ја презеде одговорноста за најмалку 60 атентати врз израелски цели во последниве години. Според вршителот на премиерската должност Ехуд Олмерт, со преземањето на власта од страна на Хамаз и палестинските автономни власти ќе станат терористички:

„Нема да водиме никакви преговори со Хамас, ниту пак со некого кој е дел од оваа организација или пак поврзан со неа. Меѓународната заедница на чело со Претседателот на САД, премиерте на Велика Британија и Италија, францускиот Претседател и многу други ги прифаќаат нашите принципи и со тоа му даваат поддршка на израелскиот став!„

Шефицата на израелската дипломатија Ципи Ливни пак оцени дека ставот на Русија, која го покани Хамас на разговори во Москва до крајот на овој месец ја води меѓународната заедница на лизгав пат. Ова особено доколку Хамас заземе двосмислен став:

„Меѓу различните опции, најпроблематично е некое меѓу решение, според кое Хамас не би ги прифатил нашитеуслови, а при тоа мрмори нешто во смисла а можеби и ќе ги прифати.„

Според планот на турнејата, шефот на германската дипломатија нема да се сретне со претставници на Хамас, туку само со Претседателот на Палестинците Махмуд Абас.