1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ништо не е како што беше

19 август 2008

Како треба да биде во иднина во односите меѓу НАТО и Русија – за тоа денеска ќе се расправаат министрите за надворешни работи на 26-те земји-членки на НАТО на средбата во Брисел.

https://p.dw.com/p/F0ae
Фотографија: AP GraphicsBank/DW

Ледено студенило се навлече над односите меѓу Алијансата и Москва по навлегувањето на руските трупи во Грузија. Најмал заеднички именител, околу кого можеа да се усогласат НАТО-земјите е хуманитарна помош, барање за почитување на територијалниот интегритет на Грузија и готовност за подоцнежен прием на таа земја и на Украина во Алијансата – и покрај руските предупредувања. Се’ друго е спорно меѓу два табора внатре во НАТО.

Енергични апели

Непосредно пред средбата свикана на барање од САД, јасни зборови кон Москва упатија два шефови на влади, познати по интересот за добри односи со Русија: францускиот претседател Никола Саркози се закани со “консеквенции“ доколку навистина не започне повлекување на руските војници, а германскиот канцелар Ангела Меркел побара од Русија „сигнали, и тоа не во рок од недели, туку од денови“. Таа додаде и дека „Грузија, ако сака, ќе биде член на НАТО“. Почетокот на руското повлекување од чисто грузиска територија е желно и итно посакуваната реакција на Москва на притисокот од Западот.

Енергичните апели, според толкувањето на дипломати во НАТО, пак, се реакција на се’ поголемиот притисок на група држави во Алијансата. САД и Велика Британија, потоа балтичките држави, Полска и Чешка, се за казнување на Русија за, како што формулира Кондолиза Рајс, „несразмерното постапување“ во Грузија. „Русија мора да плати за тоа“ рече Рајс. Пред неколку дена, американскиот претседател, Џорџ Буш порача: „Русија, во последните години правеше напори да се интегрира во дипломатските, економските и безбедносно-политичките структури на 21-от век. САД им даваа поддршка на ваквите стремежи. Сега Русија ризикува враќање назад затоа што со своите постапки во Грузија ги крши правилата на овие институции. “

Kaukasus Konflikt August 2008 Bush liefert ein Statement zur Lage in Georgien
Џорџ Буш дава изјава за ситуацијата во ГрузијаФотографија: AP

Само со, не против Русија

Германија, Франција и Италија, тесно поврзани со Русија и како муштерии за нејзини енергенси, се на чело на поголема група сојузници, која сака да се избегне драматично враќање кон студената војна. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер предупредува дека не треба да се зазема линија на конфронтација: „На крајот стабилност на Кавказот ќе постигнеме само со Русија, не против Русија.“

„Но, тоа не функционира без руско содејство“, вели дипломат од НАТО. Во Брисел се регистрира како јасен знак кон Москва што токму Ангела Меркел укажа на принципиелно договорениот пристап на Грузија кон Алијансата на самитот во Букурешт, спрема што Германија досега беше крајно воздржана поради конфликтите со Русија.

Суспензија на Советот НАТО – Русија?

На Американците и нивните сојузници од поранешниот источен блок не им недостасуваат идеи против Русија: пред се’ може да биде суспендирана работата на Советот НАТО – Русија, востановен во 2002-ра година. Држави
Deutschland NATO Angela Merkel zu Russland
Ангела Меркел - Германија е за решение со Русија, а не против неаФотографија: AP
како Естонија и Летонија мораа да видат како „Русија ангажира војнички средства за да ги спроведе своите аспирации во соседна земја, која порано припаѓаше кон Советскиот сојуз“, вели новиот американски амбасадор во НАТО Курт Вокер.

Поради немање консензус, дипломатите сепак не очекуваат решение за суспендирање на работата на Советот, туку во најдобар случај, налог да се испита таквата можност. Истото важи и за барањето на Грузија за испраќање набљудувачи од НАТО. Но, во ходниците на Алијансата веќе се зборува за тоа, дали веќе не треба да се прави специјален одбранбен план за балтичките и источно-европските сојузници. Опција е и помош од НАТО за развој и опремување на националните оружени сили на тие земји.

Вакви идеи досега немаа никакви шанси во Алијансата, за на Русија во никој случај да не и’ се создаде впечаток за закана од НАТО, кој од крајот на студената војна постојано се шири. Но, сега, кога членки на НАТО се чувствуваат загрозени, тоа би можело да се промени. Во недостиг на поддршка во Алијансата, Америка испрати свој сопствен знак до Москва со потпишувањето на договорот со Полска за стационирање ракети од антиракетниот штит.