1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ниски плати и лоши услови за сезонските работници во Италија

К. Рау / Х. Вендлер / А. Методијев10 август 2013

Три евра од час или еден цент за берење килограм зеленчук - толку добиваат сезонските работници на нивите во Италија. Италијанците не сакаат да работат за ваква плата. Нив ги заменуваат Бугари, Романци и Сенегалци.

https://p.dw.com/p/19Hjl
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во близина на градот Фоџа на југот од Италија патуваме заедно со синдикалците. Групата се грижи за надничари, кои тука работат на нивите за време на бербата на домати.

Даниеле Каламита, претседателот на локалната синдикална група, создаде проект за помош на овие лица.

„Всушност ним тука сѐ им недостига - тие немаат договор за работа, не добиваат разумна плата и сѐ зависни од нивните надзорници“, објаснува Каламата.

Кратко потоа го здогледуваме првиот работник на полињата со домати. На триесет целзиусови степени Италијанците го корнaт плевелот. Тешка работа која сѐ полошо се плаќа. Тие добиваат по 40 евра дневно.

Тоа за многу земјоделци стана прескапо, објаснува еден од синдикалците. Затоа тие порадо ангажираат евтини надничари од Африка или oд Источна Европа.

„Странците тука се робови. Нивната ситуација е многу лоша. Италијанската влада мора нешто да направи. Ако таа не може да направи нешто, тогаш треба другите европски земји да интервенираат. Ние сме сепак во ЕУ“, вели еден аргат-Италијанец.

Bildergalerie Iran KW3 Tomaten
Евтината цена на зеленчукот во супермаркетите „ја плаќаат“ аргатите на нивите во ИталијаФотографија: ISNA

Даниеле Каламита студирал агрономија, но нему наскоро поважни му станале човековите права, бидејќи состојбата на италијанските ниви стана неподнослива.

„Сега патуваме на едно место кое не може да се најде на ниту една кара. Овој логор е нелегално подигнат. Секојпат кога ќе патувам таму имам впечаток дека живееме во болно општество - општество во кое владее рамнодушноста, во кое не се сфаќа колку е вреден човечкиот живот“, вели Даниеле Каламита од Сојузот на синдикати на Италија.

На крајот на патот со чакал се живеалиштата на берачите. Многумина од нив се нелегално во Италија, а полицијата за тоа како да не се грижи. Со недели синдикалците се обидуваат да создадат контакт со аргатите. Но, многу од нив се плашат, објаснува Џемба, кој потекнува од Сенегал. Стравот е од „капорале“, како што се нарекуваат надзорниците, кои ги искористуваат нудејќи им работа платена во готовина.

Tomaten Pflanze Feld
Сезонските работници берат домати и живеат во очајни услови, сонувајќи за подобар животФотографија: Brilliant Eagle/Fotolia

Сепак по кратка дискусија ДВ снимамаше во руината. 100 млади мажи таму живеат во една куќа. Повеќепати препрашуваме, бидејќи не можеме да веруваме во тоа. Африканците го тврдат тоа. Тие се млади, научиле италијански јазик и сакаат да работат - затоа се тука.

„Нема работа секој ден. Потоа повторно доаѓа ’капорале’ и вели: ’Има работа - еден, два дена’. Но, тоа не е нешто постојано и сигурно“, објаснува африканецот Џемба.

Сонот за подобар живот ги намамил овие луѓе. Сега Џемба и неговите пријатели се заглавени во Италија, бидејќи без пари не можат да се вратат во Африка.

„Дојдов во Европа, односно во Италија, бидејќи кај нас е уште полошо отколку тука. Но, сега повеќе не сум сигурен, бидејќи од пред еден месец повеќе немам работа. Јас и моите пријатели се срамиме да молиме некого за пари за да купиме јадење“, раскажува Џемба.