1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нирнберг е најевтин град на светското фудбалско првенство

18 јуни 2006

Навивачите во Нирнберг не ги слават само головите постигнати на фудбалските натпревари, туку и цените.

https://p.dw.com/p/AeLY
Фотографија: dpa

На просторот покрај стадионот во Нирнберг половина литар вода чини две евра, пивото 3,5 евра. Французите, Русите и Германците се единствени:

“Не е скапо“

“Во Нирнберг е нормално“

“Вака оди“

Во кафулињата во центарот наградот е уште поевтино. Три мали колбаси чинат 2 евра, кока кола 1,80. Бразилката Хаире излегува секоја вечер:“Трошам 10-15 евра, и ако некои љубезни момчиња не честат, е исто така добро.“

Да се биде честен од некого во Франкфурт би било најдобро, зашто кој е жеден и сака да се напие пиво, во центарот на градот плаќа скапо: “4 евра. Добро е, но прескапо.“

Во секој случај. Истата цена се плаќа и за сите други пијалоци во пластични чаши. Еден колбас чини 3 евра. Навистина, оние што се во Нирнберг можат да се наречат среќни. Дресови, знамиња и труби – таму се е супер евтино во продавниците каде се чини 1 евро. Во центарот на градот е поскапо, но сепак сеуште во споредба со други градови – евтино. Мали знамиња за 5 евра, уште помали за 4, големи знамиња за 9 евра. За британските фанови – никаков проблем: “Мислам дека воопшто не е лошо, не е скапо. Океј е“, вели еден од нив и купува маичка со логото на светското првенство за 13 евра. “

Во сместувалиштата за млади и во Нирнберг и во Франкфурт може да се добие преноќевалиште за околу 20 евра. Цена што е хумана. Дебел плус за Франкфурт е и евтината дневна карта за јавниот сообраќај – само 4 евра и 90. Во Нирнберг, само за еден правец во двете насоки се плаќа 3 евра и 40, но тоа е и единствениот негативен поен за, инаку, најевтиниот град на Светското првенство.