1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц со пакет предлог до Македонија и Грција

Александар Чомовски 20 февруари 2008

Метју Нимиц испрати пакет предлог до владите во Скопје и Атина. Детали не се познати. Македоснкиот државен врв заседаваше уште во текот на ноќта , денеска се состанува и Грчкиот национален совет.

https://p.dw.com/p/DAHQ
Медијаторот Метју НимицФотографија: Macedonian Information Agency
Компромисен предлог, што неможе 100 насто да ги обедини интересите на двете земји - рече Метју Нимиц по вчерашната средба во Атина. Медијаторот во грчко - македонскиот спор во очи самитот на НАТО и регионалните случувања истакна и колку е важен овој момент за решевање на спорот. Метју Нимиц од Атина упати пакет предлог до владите на Македонија и Грција и им остави време од неколку денови пред дефинитивно да се изјаснат за неговата иницијатива. Македонскиот амбасадор во преговорите Никола Димитров, по трилатералната средба замина веднаш за Скопје. Информацијата за тоа што содржи најновиот предлог и какви се изгледите со овој пакет да се реши спорот препушти да ја соопштат претседателот Црвенковски и премиерот Груевски „Водството на Република Македонија внимателно ќе го разгледа предлогот на Метју Нимиц во вој важен момент.“ кажа Димитров по разговорите во грчкото МНР. Го охрабрувам амбасадорот Димитров, да однесе во Скопје оптимизам за овој важен чекор и предлог на посредникот Нимиц - рече Дора Бакојани само еден час по тирлатералната средба, во изјавата за македонските новинари. Ова е важен чекор да го оставиме минатото и да гледаме кон иднината - рече Бакоја и испрати порака да се следи патот заедно во евроатланското семејство. Претходно нејзниот гласноговорник брифираше дека Грција ќе прифати сложено име кое ќе ја отсликува разликата од географскиот поим Македонија. Грчкиот национален совет ќе заседава денеска (20.02.08), а министерката за надворешни работи веднаш го информираше и шефот на опозицискиот ПАСОК, Папандреу.
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема