1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц со пакет мерки до владите во Скопје и Атина

Александар Чомовски 19 февруари 2008

Нова рунда преговори за решавање на македонско - грчкиот спор со името. На разговорите со посредникот Нимиц во грчкото министерство за надворешни работи учествува амбасадорите Никола Димитров и Адамантиос Василакис.

https://p.dw.com/p/D9wP
Преговорите во Атина завршија
Со задоцнување од неколку часа во Атина се одржа новата рунда преговори за грчко - македонскиот спор со името. Тројната средба денеска (19.02.08) се одржа во министерството за надворешни работи на Грција. На почетокот на средбата, меѓу медијаторот Метју Нимиц и двајцата амбасадори Никола Димитров и Адамантиос Василакис им се приклучи и грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Таа утрото имаше средба со грчкиот премиер Костас Караманлис, по што изјави цитат: „Ние сме во средиштето на преговорите, верувам дека сериозно и одговорно ќе ги водиме.“ рече Бакојани по средбата со нејзниот премиер. Портпаролот на грчкото МНР денеска брифираше и дека шефот на грчката дипломатија, на амбасадорот Димитров му предочила дека Атина ќе прифати композитно сложено име за Македонија, што ќе го разликува од географскиот регион со исто име Македонија. Грција, рекла денеска Бакојани пред средбата со тројцата преговарачи, ги стимулира евроатланските аспираации на сите свои соседи. Инаку македонскиот државно - владин врв на амбасадорот Димитров му предочил да не се изјаснува јавно за каква било форумула. Властите во Скопје инаку очекуваат двојна формула со задржано уставно име и можна додавка пред него, но за билатералните релации со Грција. Никој не потврдува дали тоа би значело Демократска Република Македонија или Нова Република Македонија. По завршувањето на тројната средба во Атина, медијаторот Метју Нимиц предложил пакет мерки на доверба и решение за името, но на прес- конференцијата не одговорил за каво име станува збор. Тој ги повикал двете влади и во Скопје и во Атина да го разгледаат предлогот и потоа со конкретен одговор да дојдат на наредната средба посветена на долгогодишниот грчко - македонски спор за името.