1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц на средба со Аврамопулос

АТ/ миа9 јануари 2013

Медијаторот во грчко-македонскиот спор околу името Метју Нимиц денеска во Атина треба да оствари средба со шефот на грчката дипломатија. Утре Нимиц се очекува на разговори во Скопје.

https://p.dw.com/p/17GKC
Фотографија: AP/DW Fotomontage

Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц денеска во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос.

Повикувајќи се на дипломатски извори „Та Неа“ пишува дека Нимиц нема да поднесе предлог кој драматично ќе се разликува од идеите кои досега биле предложени.

„То Вима“ тврди дека ќе се разговара за идеите кои им биле предложени на претставниците на двете страни на последната средба во Њујорк во ноември минатата година. Весникот потсетува дека последните три предлози за решавање на името биле „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“ и „Република Горна Македонија“ за кои Скопје изразило остри забелешки поради поставувањето на географската одредница пред зборот „Македонија“.

UN Vermittler Matthew Nimetz in Skopje
Метју НимицФотографија: MIA

Од друга страна, како што јави дописникот на МИА од Атина, Грција не прифаќа географската одредница да стои пред зборот „Македонија“.

Потсетувајќи дека Грција не прифаќа име кое нема да содржи географска одредница, „Катимерини“ пишува дека Нимиц е охрабрен од одлуката на Европскиот совет дека прашањето за името треба да се реши пред земјата да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

По посетата на Атина планирано е медијаторот во спорот за името Метју Нимиц да допатува на средби во Скопје.