1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц на заедничка средба со Јолевски и Василакис

ЖА/миа20 ноември 2012

Нема официјални најави дали Метју Нимиц ќе излезе со нови конкретни предлози и идеи. Тој вчера имаше поединечни средби со преговарачите од двете земји.

https://p.dw.com/p/16m5h
Фотографија: Petr Stojanovski

Посредникот на ОН во разговорите меѓу Грција и Македонија за спорот за името Метју Нимиц денеска во Њујорк ќе одржи заедничка средба со претставниците на двете земји, Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски. Претходно Нимиц вчера со нив се сретна поединечно.

Во најавата за средбите на Нимиц, прес службата на ОН соопшти дека средбите се со цел да се процени статусот на разговорите и можноста да се направи прогрес во решавањето на прашањето за името.

Нема официјални најави дали Нимиц ќе излезе со нови конкретни предлози и идеи. Тој на почетокот на месецов изјави дека натаму верува оти ако се направи обид на властите во Скопје и во Атина и ако се покаже добра волја, може да се дојде до решение за името во наредните месеци.