1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц закажа нова рунда разговори за името

БГ/миа2 април 2013

Посредникот на ОН закажал средби со претставниците на двете земји за 8 и 9 април. Засега нема најава дали Нимиц ќе излезе со нови предлози

https://p.dw.com/p/187t9
Фотографија: MIA

Специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција амбасадорот Метју Нимиц за 8 и 9 април закажа нова средба со претставниците на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Во соопштението на Обединетите нации, со кое се најавува средбата, се вели дека Нимиц упатил покани до Јолевски и Василакис, и дека двајцата ја прифатиле средбата.

„Амбасадорот Нимиц ќе се сретне со двајцата претставници одвоено, а потоа на заедничка средба, со цел да продолжат разговорите под посредништво на Обединетите нации, за да се изнајде заемно прифатливо решение за прашањето за името“, пишува во соопштението.

Последната рунда разговори се одржа на 29 и 30 јануари, по што следуваше најава за нова, скорешна средба на Нимиц со претставниците на Македонија и Грција.