1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц закажал средби со Јолевски и Василакис

4 јануари 2012

Медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц ќе се сретне со посредниците Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски на 16-ти, односно 17-ти јануари во Њујорк.

https://p.dw.com/p/13dbQ
Метју НимицФотографија: Petr Stojanovski

Во кусата информација објавена синоќа (03.01) од страна на кабинетот на посредникот на ОН во спорот за името се наведува дека Метју Нимиц ќе се сретне одвоено со двајцата посредници, кои веќе ја прифатиле поканата, и ќе бара создавање услови за напредок во разговорите меѓу Македонија и Грција.

„Амбасадорот Нимиц првично ќе се сретне со двајцата преставници одвоено и ќе бара развој на заемно прифатлив пристап за повторно поттикнување на разговорите и да се направи значителен напредок кон решавање на прашањето за името", соопштуваат од кабинетот на медијаторот.

Автор: СН/ ЕМФ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска