Нимиц доаѓа во Скопје
9 февруари 2012Сецијалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, амбасадорот Метју Нимиц, на 20 и 21 февруари ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија.
За време на посета на Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи, медијаторот Нимиц ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, а ќе има средба и со шефот на дипломатијата, Никола Попоски.
На средбите се очекува да се разговара за актуелните прашања во однос на надминувањето на разликите во спорот со Република Грција, како и за динамиката на разговорите во наредниот период. Медијаторот Нимиц, по Македонија треба да ја посети и Грција.
Извор: миа
Редактор: Б. Георгиевски