1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц ги продолжува разговорите во Скопје

ЖА/макфакс/миа11 септември 2013

Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц ја продолжува посетата на Македонија и ќе има средби со шефот на дипломатијата Никола Попоски и премиерот Никола Груевски.

https://p.dw.com/p/19fnr
Фотографија: MIA

Се очекува медијаторот на македонските преставници да им ги пренесе грчките ставови во однос на неговиот последен предлог од април годинава, кои му беа пренесени во Атина од шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос.

Посредникот вчера имаше средба и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на која му беше потенцирано дека Македонија останува посветена во напорите за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение, и дека земјата и натаму активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во овие преговори, за кои е подготвена и на средби на највисоко ниво со спротивната страна, и интензивирање на дијалогот.