Николиќ претседател на српското собрание
8 мај 2007Реклама
Ултра националистичкиот политичар Томислав Николиќ е избран за нов претседател на парламентот во Белград. За Николиќ гласаа 142 - ца од 244 пратеници. Изборот на Николиќ го поддржаа и пратениците на партијата на премиерот Воислав Коштуница. Томислав Николиќ и припаѓа на Српската радикалната партија, која отфрла членство на земјата во ЕУ и НАТО.
За попладнево е закажано продолжение на седницата на собранието.