Николиќ: ЕУ не го положи испитот
7 јануари 2013Реклама
„Јас од албанските власти не ни очекував да дозволат да го минам овој најрадосен ден со дел од народот и ЕУ мора добро да размисли кога ја убедува Србија дека е статусно неутрална и дека сака да помогне да живееме подобро“, изјави Николиќ пред новинарите во Белград.
Српскиот претседател на 28 декември поднесол барање до мисијата Еулекс во Приштина да присуствува на Божиќната литургија во Грачаница на 7 јануари, но не добил одговор. Прашан дали повторно ќе бара дозвола да оди на Косово, Николиќ рече дека нема да бара дозвола за која, како што наведе, знае дека никој нема да му ја даде.
„Ова ќе биде основа за преговори. Ова е да се биде или не, дали претседателот може да оди на Косово или не“, рече Николиќ.