1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

040709 Doping Pechstein

7 јули 2009

Најуспешната германска натпреварувачка во брзо лизгање, Клаудија Пехштајн, доби забрана за натпреварување на две години поради наводен допинг. При тоа индициите за допинг се недоволни, смета германскиот спортски сојуз.

https://p.dw.com/p/IhwF
Дали дефинитивно ќе се збогува? Клаудија Пехштајн отпоздравува по една победаФотографија: AP

Доколку забраната за натпреварување остане на сила, тоа би бил новитет во спортот. Никогаш порано некој врвен спортист не бил казнет врз основа само на индиции. Клаудија Пехштајн ги отфрла сите обвинувања: „Никогаш не сум се допингувала и ни во иднина не би се допингувала. За мене спортот има преголема важност за целиот живот. Ова обвинение е без основа.“

Проблемите за триесетиседумгодишната германска натпреварувачка во брзо лизгање почнаа во февруари годинава, кога при редовниот тест на крвта во Норвешка беше пронајден зголемен број ретикулоцити, предстепен на црвени крвни зрнца. Тоа може да биде индиција за евентуален допинг со крв, но не и доказ: „Не постои позитивен тест на допинг од мене, никогаш немало такво нешто. И тоа е од решавачка важност. Не може некој спортист да се оцрни само врз основа на еден тест, во кој имало нешто повисоки вредности“, нагласува Клаудија Пехштајн.

Најавена тужба

Claudia Pechstein Januar 2009
Најуспешна германска олимпијка: Клаудија ПехштајнФотографија: picture-alliance/ dpa

Таа и германскиот спортски сојуз, во кој членува, затоа ќе поднесат тужба. А германскиот Олимпсики комитет порача дека за Пехштајн важи правилото на невиност - се’ додека не се докаже вината: „Според она што го знаеме досега, станува збор само за индиции, кои имаат тенка подлога. Мора да видиме дали сомневањето ќе се потврди или не. Страната што треба да пружи докази е Меѓународниот сојуз за брзо лизгање“, порача гереналниот директор на германскиот Олимски комитет Михаел Веспер.

Инаку Клаудија Пехштај на олимписките игри досега освои пет златни, два сребрени и два бронзени медала. Освен тоа, петпати била светски првак во брзо лизгање и трипати европски. Таа сакаше да се впушти во нов лов на медали и на следните Зимски олимписки игри во 2010 во Ванкувер, но сега никој не може да каже дали ќе добие дозвола за натпреварување.

Автор: Штефан Нестлер / Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска