Нигериски политичар украл 250 милиони долари
28 февруари 2012Поранешен гувернер на една провинција во Нигерија се изјасни за виновен за кражба на 250 милиони долари во период од осум години додека бил на власт.
Џејмс Ибори, своевремено еден од највлијателните нигериски политичари, ја призна вината по 10 точки од обвинението пред суд во Лондон. Тој изјави дека парите ги крадел од нафтените фондови на Нигерија, а потоа ги изнесувал и перел преку „офшор“ компании.
Ибори беше уапсен во 2010-та година во Дубаи, а три години претходно во Велика Британија му беше замрзнат имот вреден 35 милиони долари.
Обвинителот најави дека ќе бара конфискација на целиот негов имот, кој потоа ќе им биде вратен на жителите на провинцијата Делта во Нигерија.
Пресудата за Ибори се очекува на 16 април годинава во судот во Лондон.
Автор: БГ/бета
Редактор: Ж. Ацеска