1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Не е потребно дуплирање на факултетите

Свето Тоевски9 октомври 2006

Има ли шанси за спојување на Тетовскиот државен и Штуловиот универзитет

https://p.dw.com/p/Adbs
Тетово-потребни ли се исти факултети?
Тетово-потребни ли се исти факултети?Фотографија: AP

Универзитетите во Македонија ќе се соочат со нови предизвици и следствено,со потенцијални нови финансиски товари.Дуплирањето на напорите е залудно и тоа треба да се избегнува,рече Макс ван дер Штул,идејниот втемелувач на Штуловиот универзитет во една прилика годинава.Тогаш тој најнепосредно предупреди на отворањето едни исти факултети,катедри и студентски програми на Тетовскиот и Штуловиот универзитет,меѓусебно оддалечени нецел километар.На двата универзитета веќе постојат институти за екологија,правни факултети,факулти за јазици,катедри на економските факултети.Министерот за образование Сулејман Рушити кого од минатиот викенд го обвинуваат за партиски упад во тетовскиот државен универзитет поради смената на неговиот ректор,еве што вели за дуплирањето на факултетите на двете високошколски институции:

„Ќе се грижиме да не се повторуваат програмските студии.“

На министерот Рушити не му е далечна ниту идејата за спојување на двата тетовски универзитети во еден:

„Ако спојувањето значи дека ќе го подобрува нивото на образованието,зошто да не.“

Сади Беџети,вд.ректор на тетовскиот државен универзитет :

„Сега ни е рано да разговараме за спојување на тие два универзитети.Ние сме државен универзитет и ќе ги почитуваме одлуките од државата.Сите тие факултети кои се дуплираат,ќе се затвораат.

Некои од студентите на Штуловиот и особено на Тетовскиот државен универзитет,се категорично против било какви намери за обединување на двата универзитата:

„И ако се спојат тие два универзитата,ако се во државна рамка,да егзистираат како Тетовски универзитет,тоа е прифатливо од нас,албанските студенти,а да бидат приватни,да работат како приватни,како Штуловиот универзитет,тоа воопшто не е прифатливо“,вели еден студент.

„Тоа нема шанси,ниту може да биде“додава друг студент.

Ректорот на Штуловиот универзитет искажува несогласување со можното спојување:

„Двата универзитети се различни,Тетовскиот универзитте работи врз основа на закон кој е донесен во Парламентот и се финансира со државни пари,а овој универзитет е финансиран од меѓународната заедница,значи има доста разлики во генезата на двете институции.„

Абази посочува сепак на она што е реално потребно:

„оваа година ќе прејдеме на измени на некои наши програми,не се работи тука за албанологија,туку се работи за другите јазици кои ги имаме,значи тука има простор да се промени програмата,да не се дуплира тоа што е кај нас и во Тетовскиот универзитет.“