Неформална средба на Буш и Путин
1 јули 2007Реклама
Американскиот претседател Џорџ Буш и рускиот Владимир Путин денеска ќе имаат неформална средба на која ќе се обидат да ги надминат разликите по спорните прашања. Статусот на Косово и американскиот антиракетен штит се меѓу главните теми на дводневната средба на летниот ранч на семејството Буш во Кенебакпорт. Според американски извори не се очекува состанокот да донесе големи резултати, иако и Буш и Путин се надеваат дека ќе го запрат понатамошното ладење на односите меѓу двете земји.