1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

290711 Somalia Verteilung

29 јули 2011

Распределбата на храната од ОН во Сомалија се одвива во многу тешки околности. Странските и домашните хуманитарци често мораат да се кријат од исламистичката Ал Шабааб милиција, која се бори против владата.

https://p.dw.com/p/125x9
Првиот авион со помош за гладните во СомалијаФотографија: dapd

Аеродромот во Могадишу со мака ги прикрива трагите од 20-годишната граѓанска војна. Сомалиската преодна влада барем до некаде ги санираше изрешетаните аеродромски зданија и ја поправи пистата за да можат да слетуваат авионите со меѓународната помош за гладните бегалци. Првиот авион во средата слета со задоцнување поради проблемите што кениската влада ги правеше со царинската документација. Тој донесе 10 тони посебна храна за деца, а наредниве денови треба да слетаат наредни авиони со товар од околу 100 тони прехрамбени производи.

Правите проблеми почнуваат по аеродромот

Но, главниот проблем на хуманитарците е натамошниот пат на пратките до гладното население. Портпаролот на Програмата за храна на ОН, Дејвид Ор објаснува:

Somalia Hilfe für Mogadischu
Камиони со хуманитарна помош во околината на МогадишуФотографија: AP

„Безбедносната ситуација не е добра, ниту во главниот град Могадишу, ниту пак во остатоткот од земјата. Но, станува збор за вонредна ситуиацја и затоа мораме да реагираме, наспроти големиот безбедносен ризик.“

Вчера во Могадишу се водеа тешки борби меѓу силите на Африканската Унија и припадниците на радикално-исламистичката милиција Ал Шабааб. Според изјавата на еден гласноговорник на АУ, мировните сили се обидувале да ги задржат милициите на Ал Шабааб подалеку од бегалските кампови, каде се дели хуманитарната помош. Во борбите биле користени и тенкови на силите на АУ.

Силен отпор на вооружените милиции

Милицијата Ал Шабааб е против делењето помош и се обидува да ги блокира активностите на хуманитарците. Тоа ја отежнува дополнително мисијата на меѓуанродната заедница во оваа земја. Најголемиот број хуманитарни работници од странство веќе одамна ја имаат напуштено Сомалија, бидејќи нивната безбедност беше загрозена. Хуманитарните организации затоа ангажираат локални помошници, како што е Шарифа Омар Абукар.

Hungersnot in Kenia
Сушата само ја влоши ситуацијатаФотографија: Picture-Alliance/dpa

„Понекогаш мораме да работиме тукуречи тајно. Голем број од припадниците на Ал Шабааб милицијата не знаат да читаат и не знаат кои сме и за кого работиме. Тука не помага ни некаков амблем. Затоа нашата работа е многу опасна.“

Помош „зад кулисите“

Шарифа Омар Букар и другите хуманитарни работници работат дискретно, без реклама, без настапи во јавноста. Секоја изјава може погрешно да се протолкува и тоа може да ги чини живот, доколку милиционерите заклучат дека хуманитарците ја поддржуваат актуелната влада во Могадишу, против која тие се борат.

Dossierbild Horn von Afrika Ostafrika Somalia Hungersnot Hungerskatastrophe Bild 1
Фотографија: AP

Една од ретките странски организации, која покрај ваквите вонредно тешки услови успева да се одржи во Сомалија и да ги продолжи хуманитарните активности е „Консерн“ од Ирска. Таа пружа помош за населението цели 25 години, појаснува Остин Кинан:

„Нашите соработници на теренот се сите Сомалијци. Тие целиот живот го поминале таму, таму работат и многу добро ги знаат потребите на населението. А знаат и како да работат за да не настрадаат.“

При тоа Кинан нагласува дека и покрај тоа безбедносниот ризик за хуманитарните работници е огромен.

Автор: Бетина Рил / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски