1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Несекојдневен концерт на невообичаено место

26 февруари 2008

Њујоршките филхармоничари одржаа концерт во комунистичка Северна Кореја. Историски настан со оглед дека САД и Северна Кореја и по крајот на Корејската војна во 1953 де јуре сеуште се наоѓаат во војна.

https://p.dw.com/p/DDTZ
Диригентот Лорин Маазел на сцената во ПјонгјангФотографија: AP
Ќе дојде или нема да дојде. Тоа беше прашањето на кое севернокорејските власти не сакаа да одговорат до последен момент поради безбедносни причини. Сите со поглед го бараа Ким Јонг Ил? Но откако во големиот сала на театарот во источен Пјонгјанг прозвуче хумната на Северна Кореја, присутните стана од столчињата и открија дека лидерот Ким Јонг Ил не е таму. Тој генерално важи поваќе за филмски отколку за музички вљубеник. Но се претпоставуваше дека тој не би ја одбегнал можноста, да присуствува на концертот на најстариот оркестар во САД како амбасадор на културата во неговата престолнина. Покрај северно- корејската беше свирена и американската химна- и тоа иако двете земји правно гледано сеуште се наоѓаат во воена состојба. Луѓето и покрај тоа продолжија да стојат а и американското знаме можеше да биде поставено на бината. Неподобниот Џорџ Гершвин прозвуче во Пјонгјанг На почетокот од вториот дел од концертот, диригентот Лорин Маазел го најави делото на Џорџ Гершвин „Американец во Париз“ со укажување дека еден ден би можело да има и дело со наслов „Американец во Пјонгјанг“ Делото на Гершвин не се најде случајно на програмата на Њујоршките филхармоничари на концертот во Пјонгјанг. Лесната композиција со примеси на џез е всушност табу во строго управуваната Северна Кореа. Ваков вид музика важи за не дозволен. И покрај тоа концертот беше пренесуван без прекини во живо во целата земја преку дражвната телевизија и радио. И така Севернокорејците, под услов да имаа струја или луксузот на еден ТВ апарат, можеа да се занимаваат со необичните тонови. Лорин Маазел на прес-конференцијата во Пјонгјанг, говореше за концертото на Њујоршката Филхармонија како за мал чекор кон подобрување на односите меѓу САД и Северна Кореја и изрази надеж дека ќе следуваат други.