1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Непреговарачка порака“ од Атина

23 јануари 2010

Атина нема да се откаже од процесот на решавање на спорот за името, што се води во рамките на ОН, но не се плаши од одржување и директни контакти со Скопје, истакна заменик-шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.

https://p.dw.com/p/LfAY
Димитрис ДруцасФотографија: AP

Во синоќешното обраќање пред Комитетите за надворешни работи и за европски прашања на параламентот на Грција, Друцас призна дека неговата земја е под постојан притисок на ЕУ да се најде решение преку директни билатерални контакти. Очекува притисоците да продолжат, но вели дека Грција ќе ги поднесе, бидејќи нејзините позиции биле апсолутно јасни. „Поставивме национална црвена линија, што предвидува дека единственото решение е сложено име со географска одредница, кое ќе го содржи терминот ’Македонија’ и ќе биде за севкупна употреба - ’ера омнес’“, рече Друцас. Одговорноста за нерешавање на прашањето тој повторно ја префрли на македонската страна, која според него, со застапувањето на бескомпромисна позиција, самата се оддалечува од европерспективата. Атина, истакна Друцас, сега чека да види како Скопје ќе ја прочита нејзината јасна и, како што наведе, „непреговарачка порака“.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа