1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Необична приказна за крадците на времето

Свен Тенигес/ Жана Ацеска30 септември 2012

Благодарејќи на се‘ поефикасните технологии, штедиме се‘ повеќе време. Сепак, живееме се‘ побрзо. Каде остана изгубеното време? За причините на оваа појава зборува документарниот филм „Брзина“.

https://p.dw.com/p/16HnZ
Фотографија: DJVDREAMERJOINTVENTURE

Од пред најмалку 20 години радосната вест гласи: се‘ повеќе во што пократко време, не само во светот на работата, туку во секое ќоше на нашиот живот.

„Моето искуство со времето се ограничува на едно чувство - дека ми недостига“, се жали Флоријан Опиц на почетокот на документарниот филм „Брзина“. Никогаш досега не сме работеле толку ефикасно ниту со помош на различни технологии сме штеделе толку многу време. Сепак, притисокот расте се‘ повеќе. Тој парадокс е тема во 90-минутниот филм со поднаслов „Во потрага по изгубеното време“ кој од Берлин не‘ води на патување низ светот.

Filmstill Speed Auf der Suche nach der verlorenen Zeit
Сцена од филмот „Брзина“: монах од БутанФотографија: DJVDREAMERJOINTVENTURE

Проблемот со времето не е индивидуален

Авторот на филмот истражувањата ги почнува од себе. Конечно, императивот последните години гласи: оној кој нема време, сам е виновен, се‘ е само прашање на организација. Филмот не‘ води среде семинарот на еден од најпознатите и најскапи стручњаци за т.н. менаџмент на времето, Лотар Зајверт. Но, филмот малку се занимава со неговите основни тези: „повеќе време за битните работи“ и „силата се наоѓа во мирот“, затоа што проблемот на времето не е индивидуален, што може да се реши со терапија или совети од книгите.

Опиц прикажува како работат консалтинг-фирмите, кои на претпријатијата им го објаснуваат концептот на „временска конкуренција“, ги посетува менаџерите на агенцијата Ројтерс, чии муштерии бараат се‘ побрзи инфорамции. А клиенти не се печатот, радиото и телевизијата, туку во 95 проценти од случаите-финансиската индустрија. Во овој бизнис времето е повторно пари. И тоа се работи за многу пари. Комјутерските логоритми на Ројтерс реагираат на ценовните промени во такт на милионити дел од секундата. Софтвери со вештачка интелигенција ги интерпретираат вестите за во рок од една микросекунда да реагираат со купување или продавање на акции.

Film Speed Auf der Suche nach der verlorenen Zeit
Фотографија: DJVDREAMERJOINTVENTURE

Алтернативи на забрзаниот капитализам

Опиц патува по светот, барајќи излез од овој затворен круг. Во Швајцарија го среќава бившиот менаџер на инвестициона банка кој ја напуштил својата стресна работа и станал-овчар. Опиц го посетува и Карма Читен, министер во хималајската држава Бутан каде пред неколку години беше воведено мерилото за општествено задоволство-„бруто социјална среќа“.

„Јас не би прифатил ниедно решение од протагонистите на филмот“, вели Опиц.

Сепак, еден случај посебно го импресионаирал-американскиот филантроп Даглас Томпкинс. Опиц го посетил во Патагонија, на југот на Аргентина и Чиле. Основачот на модните фирми „North Face“ и „Esprit“ по продажбата на своите фирми купил огромна површина земјиште. Парите ги инвестирал во национален парк и во земјоделство.

Дуглас Томпкинс има свој рецепт за времето
Фотографија: DJVDREAMERJOINTVENTURE

„Затоа што во еден момент тој сфатил дека не е дел од решението, туку од проблемот“, вели Опиц.

Тоа што на Томпкин му помогнала деветцифрена милионска сума долари и што тоа не е пат кој можат многумина да го следат, му е јасно на режисерот на филмот. Исто така му е јасно дека и неговото протежирано решение-од ништо неусловен основен приход, што го препорачуваат и низа економски стручњаци, од неолиберални, конзервативни до крајно леви, не е универзално. Опиц признава дека на крајот на оваа потрага не го нашол изгубеното време. Филмот на крајот покажува дека прашањата на временскиот притисок и забрзувањето се многу политички.

На крајот Опиц заклучува: „Ако со овој филм придонесов за колективно размислување околу алтернативите на забрзаниот капитализам, систем во кој јасно се гледа дека нешто чкрипи на сите страни, тогаш, како филмаџија, многу сум постигнал“.