1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ненадејна „смена во лет“ на врвот на ДајмлерКрајслер: Јирген Шремп заминува

1 август 2005

Шремп, по десет години шефување со концернот, на крајот од годинава местото ќе му го препушти на сегашниот шеф на Крајслер Дитер Цече. Шремп е духовен татко на стратегијата на експанзија, која кулминира со фузијата со американскиот производител на автомобили Крајслер во 1998-ма година. Но, токму тој потег му донесе многу критики од акционерите и аналитичарите. Во последно време на негова сметка беа упатени и

https://p.dw.com/p/AeOM
Дитер Цече (лево) ќе го замени Јирген Шремп (десно) на чело на концернот ДајмлерКрајслер
Дитер Цече (лево) ќе го замени Јирген Шремп (десно) на чело на концернот ДајмлерКрајслерФотографија: AP

�ритики дека доцна реагирал на проблемите кај Мерцедес, како и за застапувањето за дефицитарниот Смарт.

Мотивите за овој ненадеен маневар (28.07.2005) се’ уште не се познати. Наводно во Управниот одбор повторно избил спор околу идната стратегија за марката на мали автомобили Смарт. Не е познато како притоа изгледале фронтовите, туку само резултатот: Шремп се повлекува, Цече напредува. Ова вчудовидува од две причини: прво, уште лани на почетокот на годината договорот со важност до крајот на 2005-та без потреба на Шремп му беше продолжен до крајот на 2008-ма. Веќе тогаш имаше силни критики на сметка на Надзорниот одбор. Тогашните критики веројатно доведоа до тоа, Шремп сега да се откаже од отпремнина, што би му следувала. Второто изненадување е неговиот наследник. Како што можеше да се наслушне, односите меѓу Шремп и Цече биле значително заладени откако човекот што го санира финансиски начнатиот Крајслер му се спротивставил на Шремп, кој се залагал за уште поблиска соработка со јапонската фирма Мицубиши. Цече и другите членови на Управниот одбор биле за целосен прекин на соработката и тоа пресуди во случајот. Од тој момент за најизгледен кандидат за наследник на Шремп беше сметан шефот на Мерцедес Екард Кордес. Во санацијата на славната марка се покажуваат првите успеси – позитива од 12 милиони евра, но Цече во моментов има посилни аргументи: толку го опорави третиот по големина американски производител на автомобили, што во вториот квартал од годинава Крајслер забележа добивка од половина милијарда евра – доказ дека фирмата може да заработува пари во силната конкуренција на американскиот пазар, и тоа беше препорака за Цече.

Шремп во Дајмлер-Бенц, подоцна ДајмлерКрајслер, помина 44 години и направи кариера од ученик на обука до највисоката позиција. Повлекувајќи се, секако не најдоброволно, на крајот останува како визионер без среќа.

Јирген Греслин од Здружението на малите акционери, смета дека овде не е крајот на приказната: „Имиџот на господин Шремп е екстремно лош. Деловниот биланс е катастрофални, а поднесените бројки се разубавени. Опстанокот на Шремп веќе беше неодржлив. Критички настроените акционери бараат да си оди и претседателот на Надзорниот одбор Хилмар Копер. Не верувам дека оставката на Шремп е доброволна и не верувам дека тој доброволно се откажа од отпремнината. Прилично сум сигурен дека наесен ќе пукне голема бомба, зашто Шремп не беше вмешан или информиран само за зделки кои беа легални“ – вели Греслин.