1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Немири кои (не) ја променија Велика Британија

Џоана Импи/ Александра Трајковска6 август 2012

Во август минатата година повеќе британски градови ги доживеаја најголемите немири во последните децении. Што беа причините за тоа насилство, како се погодени локалните заедници и дали тоа може да се повтори?

https://p.dw.com/p/15kYj
Фотографија: dapd

На почетокот на август минатата година во Тотенхем, северен Лондон, полицијата го уби 29 годишниот маж со темна боја на кожата, Марк Даган. Извештаите за тој случај се различни. Протестот против неговата смрт прерасна во насилство, откако полицијата се обиде да ги разбие демонстрантите, наводно со прекумерна сила. Преку ноќ во таа област дојде до натамошни судири. Немирите брзо се проширија прво во други делови на Лондон, а потоа и низ други градови и места во Англија.

Рут Ибегбун е социјален работник која работи со млади во Манчестер. Таа вели дека младите луѓе со кои таа работи, биле многу погодени од инцидентот. „Многумина од нив само седеа, како и поголемиот број луѓе во Манчестер следеа телевизија и гледаа како се уништува центарот на градот. И како многумина од нас беа многу вознемирени. Се сретнав со нив другиот ден и многумина од нив плачеа, бидејќи препознаа дека нешто не е како што треба и дека сега возрасните не им веруваат на младите. Тоа, по немирите беше јасно“.

Unruhen in Großbritannien London Feuer
Фотографија: dapd

Причините за насилството и натаму постојат

Ова кршење на довербата предизвика трајна штета во многу заедници. Но, Дејвид Леми, член на парламентот на Тотетнхем, од каде започнаа немирите, вели дека е неверојатно колку е отпорна неговата локална заедница: „Тоа е заедница од 220 јазици. Тие знаат како да се организираат и преживеат. Овде и порано имаше тешки периодни. Многу од семејствата кои живеат овде знаат како е да се живее под лоши околности. Тие доаѓаат од земји каде ситуацијата е тешка. Владата додели некакви средства за обнова, фудбалскиот клуб останува овде, решени се да помогнат и повторно да градат стадион, затегнатоста и проблемите со полиција се решаваат“.

Но, дополнува Леми, Тотенхем се’ уште се соочува со социјална нееднаквост, што е една од подлабоките причини за немирите. Ситуацијата во последната година не се подобри - можеби сега е уште потешко. „Невработеноста во Тотенхем е повисока, не е намалена. Штедењето го ’гризе’ повеќе од мината година. Службите за малди се намалени и гледаме негативни ефекти. Отпорни сме, го имаме вниманието на светот и поддршка, но има уште многу работи да се завршат и тоа додека трае двојната рецесија во Велика Британија“.

NO FLASH Unruhen in Großbritannien NEU
Фотографија: picture alliance / dpa

Колку е тешко во Тотенхем добро знае и Тревор Ривс. Тој се обидува повторно да го постави својот бизнис на нозе, една година, откако беше запалена неговата семејна продавница за мебел: „Стоев надвор и гледав како гори. Соседот ми кажа дека се случува нешто со продавницата и дека би требало да отидам таму и да видам. Тоа и го сторив. Дојдов до продавницата се паркирав одзади и додека се вратив, наоколу имаше веќе многу луѓе, неколку минути подоцна се видоа чад и пламен и тоа беше тоа.“

Тој потоа доби огромна помош од соседите: „Тоа беше неверојатно, целата заедница беше полна со поддршка. Мислам дека никој од нас нема да го заборави тоа ниво на поддршка“.

Дали насилството ќе се повтори?

И додека заедницата се подготвува за иднината, колку е научено од непосредното минато? Дали немирите може да се повторат. Членот на парламентот на Тотенхем Дејвид Леми подвлекува: „Мислам дека овде во Тотенхем тоа е малку веројатно, оти се држиме заедно и постои голем гнев спрема оние кои го предизвикаа хаосот. Сепак овде ситауцијата е кревка и сигурен сум дека причните кои ги предизвикаа немирите во Биританија не се променети“.

Flash-Galerie Unruhen in Großbritannien London Auto
Фотографија: dapd

Социјалниот работник Рут Ибегбун смета: „Мислам дека не научивме многу од тоа. Немири имаше и порано, во осумдесетите години. И тогаш ситуацијата ја испитуваа комисии и студии. Луѓето кои го набљудуваа општеството велеа ’што е овде погрешно и што можеме да смениме’. За жал овојпат само ги поправивме центрите на градовите и ги ставивме луѓето кои ги сторија злосторства в затвор, и едноставно продолживме“.

Тревор Ривс жртва од немирите: „Сигурен сум дека постојат криминални елементи, субверзивни елементи, луѓе кои сакаат хаос и проблеми. И сугурен сум дека планираат да сторат нешто. Истовремено сметам дека властите се далеку посвесни за одговорноста и дека тоа ќе го исечат во корен. Барем се надевам.“