1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Немилите сцени во Џенова му штетат на фудбалот

13 октомври 2010

Откако српските навивачи направија низа нереди на трибините и улиците на Џенова, квалификациониот натпревар помеѓу репрезентациите на Италија и Србија беше прекинат во шестата минута.

https://p.dw.com/p/PdOV
Српските хулигани предизвикаа прекин на фудбалскиот натпревар во ЏеноваФотографија: AP

„Војна и факели на трибините“, „Инциденти и страв“, „Џенова заложник на српските хулигани“ - вака денеска италијанските медиуми ги коментираа инцидентите што ги правеа српските навивачи низ градот Џенова.

Пред натпреварот хулиганите правеле нереди во центарот на Џенова, потоа се судриле со полицијата, а со запалени факели инцидентите продолжија на трибините на стадионот „Луиџи Ферарис“. Мечот доцнеше повеќе од половина час, а за само шест минути игра беше официјално прекинат. Полицијата уапсила 17 лица, меѓу нив и водачот на немирите, во натпреварот Италија - Србија.

Serbien Hooligans EM Qualifikation Fußball Ausschreitungen FLash-Galerie
На трибините на стадионот „Луиџи Ферарис“ во ЏеноваФотографија: AP

УЕФА го испитува случајот

УЕФА отвори истрага за настаните, а дисциплинската комисија ќе го разгледа случајот на 28 октомври. УЕФА предупредува дека санкциите можат да бидат многу ригорозни, како дисквалификување од Европското првенство или исклучување од идните натпреварувања. Шефот на италијанската полиција Себстијано Салво за новинската агенцијата АП изјавил дека од 17-те уапсени лица, 16 се Срби, додека еден е Италијанец.

Македонија загуби од Русија; Германија се закотви на првото место во групата

Joachim Löw Pressekonferenz Kapitänsfrage
Тренерот на германската репрезентација Јоаким ЛевФотографија: AP

Македонската репрезентација го доживеа вториот пораз во четвртиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2012. Русија победи со 1:0 со гол во 8-та минута. Иако македонските репрезентативци одиграа добро, шансата за позитивен исход беше пропуштена и по промашениот пенал на Илчо Наумоски во 73 минута. По овој пораз остануваат минимални шанси за пласман на Европското првенство во 2012 година.

Германскиот национален тим победи против Казахстан во Астана со 3:0. Ова е четврта победа во четвртиот натпревар за тимот на Јоаким Лев. Победата беше запечатена со головите на Клозе, Гомез и Подолски. „Овдека освоивме три бодови, и во моментов имаме извонреден биланс со 12 бодови. Тоа ме прави задоволен, но сепак јасно е дека и во нашата игра имаше грешки.“

Во останатите натпревари од квалификациите, во групата А каде игра Германија, Турција загуби од Азербејџан со 1:0, во групата Б Ерменија - Андора играа 4:0 и Словачка - Р.Ирска 1:1. Во дерби натпреварот Холандија ја победи Шведска со 4:1,

Автор: ВК/ СН/ ап/ дв

Редактор: Александра Трајковска