Нема укажувања за убиство на Березовски
25 март 2013Британската полиција соопшти дека во прелиминарната истрага за смртта на рускиот олигарх во егзил Борис Берзовски нема докази за вмешаност на трета страна.
„Во оваа фаза од истрагата немаме никакви докази кои би навестиле вмешаност на трета страна“, изјави инспекторот Кевин Браун, истакнувајќи дека смртта на Берзовски и натаму се третира како „неразјаснет случај“, а ќе биде извршена аутопсија на телото.
Полицијата и натаму детално ја пребарува куќата во која Берзовски завчера попладне беше пронајден мртов, а специјални тимови вчера (24.03.2013) соопштија дека на терен не пронашле никакви опасни материи.
Березовски побегна од Русија во Лондон, по судирот со тогаш по првпат избраниот руски претседател Владимир Путин, кому пред тоа му помагаше да влезе во Кремљ. За време на рускиот претседател Борис Елцин, Березовски важеше за сива еминенција во Москва.
Во Велика Британија тој стана најостриот критичар на Путин и на неговата власт, па беше означен како најпознатиот дисидент во посткомунисточка Русија. Неговите блиски пријатели откриваат дека Березовски бил под стрес по загубата на спорот со Роман Абрамович за околу шесет милијарди долари. Откако го загуби судскиот спор пред лондонскиот суд, Березовски мораше да ги плати и судските трошоци за кои се верува дека изнесуваат околу 100 милиони долари.
Некогаш најбогатиот човек во Русија, првпат се соочи со финансиски проблеми, што се верува дека е причина за неговата депресија и за преживеаниот стрес. Магазинот „Форбес“ ци 1997 година го проценуваше имотот на Березовски на три милијарди американски долари, а во 2007, на една милијарда долари.
Полицијата не ја отфрла можноста за срцев удар, но Березовски беше голем пријател и подржувач на убиениот дисидент Александар Литвиненко, кој беше отруен со радиоактивниот полониум 212, па Скотланд Јард затоа одлучи да трага и по можноста како причина за смрта на Березовски да биде и присуството на некој вид контаминација во неговата куќа.
Портпаролот на Путин, Дмитри Песков за државната телевизија изјави дека пред два месеца Березовски му испратил писмо на Путин во кое ги признава своите грешки и моли за дозвола да се врати во Русија. Властите ја испитуваат можноста Березовски да биде погребан во Москва, изјави Песков.