1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема потешко повредени во несреќата кај Будимпешта

БГ/макфакс26 април 2013

Утрово во близина на Будимпешта се преврте автобус со македонски патници. Од агенцијата која го организирала патувањето велат дека сите повредени патници се згрижени.

https://p.dw.com/p/18Nip
Фотографија: Halyna Stadnyk

Нема потешко повредени патници во несреќата што се случи ноќеска во близина на Будимпешта, кога полн автобус од скопската агенција „Тото“, полн со македонски државјани излетал од патот. Од агенцијата „Тото“ за Макфакс велат дека според сегашните информации, меѓу патниците нема потешко повредени и дека никој не е во ризична состојба.

Сопственикот на агенцијата е на пат кон Унгарија за да види што се случило. Повредените патници се сместени во две болница, во местото Тата Бања и Ѓер, а меѓу нив има и две мали деца, информираат од Министерството за надворешни работи. Патниците, кои најверојатно сите се македонски државјани, патувале со автобус од скопската агенција „Тото“. Еден од возачите на автобусот во 1.45 по полноќ се јавил во агенцијата и ги известил дека се случила несреќа и дека автобусот излетал од патот во близина на Будимпешта. Тој им кажал дека 25 патници и тројца возачи на автобусот веќе биле сместени во две одделни болници.

Во болница во Тата Бања биле сместени десет патници и двајца возачи додека во болница во Ѓер биле сместени 15 патници и еден возач. Од Министерството за надворешни работи се воздржуваат од информации колку од патниците се потешко повредени. Велат дека од македонската амбасада во Унгарија тргнале кон местата каде се сместени македонските патници за да им пружат помош.