1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема остра осуда од СБ за спорот меѓу Лондон и Техеран

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIk

СБ на ОН усвои разводнета изјава во која нема осуда за Иран ниту барање за ослободување на уапсените британски маринци. Само се искажува сериозна загриженост и се бара кризата брзо да биде решена. Русија и Јужна Африка се спротивставиле на поостри формулации во изјавата, по синоќешната дебата во Њујорк. За Иран оваа резолуција не е од помош за решавање на проблемот. Претходно британскиот премиер Тони Блер побара итно ослободување на неговите маринци кои се затворени од 23 март бидејќи наводно илегално влегле во ирански води.